БАЛКАНСКО ИНТЕРВЈУ за“ Mövenpick Hotel “ – во Скопје

На 26 и 27 Ноември Во Хотел Александар Палас во Скопје се одржа Балканско Интервју за најпознатиот Швајцарски бренд “ Mövenpick Hotel “ – Doha Qatar .

На интревјуто присуствуваа кандидати од Македонија , Србија , Босна и Албанија. Првите импресии на Главната Менаџерка на Хотелот Г-ѓа Ghada Sadek и директорот на човечки ресурси Г-н Hassan Hassan беа многу позитивни. Откако заврши интревјуто решија да понудат веднаш работни договори речиси на сите кандидати кои присуствуваа на интревјуто . Беа потпишани 40 работни договори за голем број на позиции и департмани и сите изненадени се вратија дома и започнаа со пакување .

Работодавецот реши многу побрзо од договореното да ги повлече вработените кандидати и на големо изненадување и визите и авио билетите за сите кандидати веќе пристигнаа. Сите кандидати ќе заминуваат на 23ти декември и Новата година ќе ја дочекаат во гламурозната Доха .

Оваа е една од многуте успешни приказни кои ја одбележаа 2013 година .