Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слуша во Кампот во Грција ни даваат за право да кажеме дека и овогодишната мисија е УСПЕШНО ЗАВРШЕНА .
Остана само уште една смена и тоа од 4 до 18 Август и целосно да го затвориме овогодишното наше заедничко „кампување “.
Можеби е малку збунувачко кога го користиме зборот КАМП – ( пред се од причина што многумина ги асоцира на камп приколки и седење под сенка ) но нашиот КАМП во Грција е уникатно место за дружење, забава, спортување, летување, уживање.
Така го доживуваат сите овогодишни учесници.
Многумина од нив за прв пат се одделија од своите родители, за прв пат беа одговорни самите да си го наместат креветот, самите да се спремат за доручек, за прв пат да јаваат коњ , за прв пат да стрелаат со вистински лак и стрела …….. за прв пат да бидат на годишен одмор сами …… Во се има за прв пат . А секој т.н прв пат се памети исто толку добро како и првата љубов !!!!
Затоа убедени сне дека на сите учесници кампот ќе им остане во извонредно сеќавање и секако повторно ќе посакаат да бидат учесници на некој од идните Коузон Кампс.
За оние кои не биле со нас , само да споменеме дека сеуште има места за смената од 4 Август .
Побрзајте ……. Коузон Кампс 2013
Comments are closed.