КОЈА Е ВОЗРАСТА НА УЧЕСНИЦИТЕ ?
Во нашите кампови можат да учествуваат деца на возраст од 7-17 години.
ДАЛИ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВААТ ГРУПИ НА ДЕЦА ?
Да во камповите можат да се пријават и да учествуваат повеќе деца од едно одделение или другари-ки.
Во основа ние им обезбедуваме да бидат сместени во една соба или во соби една до друга.
По барање на родителите, децата можат да бидат сместени со други групи
КОЈ СЕ ГРИЖИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО КАМПОТ
Коузон има свои тим лидери на секои 10 деца, кои се сместени со децата, се грижат за нив и ја организираат групата за дневните и вечерните активности. Овие тим лидери се млади професионалци од вработените во Коузон или лица со повеќегодишно искуство од водење на групи во детските кампови.
ШТО ИМ Е ОБЕЗБЕДНО НА ДЕЦАТА ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈОТ ВО КАМПОТ- Што е вклучено во цената за учество во Кампот ?
Во Кампот децата имаат:
– Обезбедено сместување
– Обезбедени 3 оброци на ден + маренда во попладневните часови
– Спортски активности по претходно утврдена програма ( 25 различни спортови )
– Забавни активности во вечерните часови
– 24 часовно обезбедување од страна на професионални лица во Кампот
– Медицинска заштита – примарна во кампот, секундарна во најблискиот медицински
центар
– Учење на странски јазик ( алтернативно Англиски или Грчки) по избор на учесникот, или учество во други
едукативни активности според програма.
ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ПОСЕБНА ХРАНА ДОКОЛКУ ДЕТЕТО Е АЛЕРГИЧНО НА ..?
Да, во случај да одредено дете е алергично на некоја храна, ќе му биде обезбедена соодветно здрава храна според неговите потреби.
ДАЛИ ИМА ДОПОНИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ НАДВОР ОД ПРОГРАМАТА ВО КАМПОТ ?
Да, во секој наш Камп, ние организираме активности надвор од Кампот и тоа:
– Екскурзии до најблискиот град,
– историски споменик
ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ НОСАТ ЛАП-ТОП И СМАРТ ТЕЛЕФОНИ ?
Ние не препорачуваме да се носат скапи електронски уреди од повеќе причини и тоа:
– Целта на Кампот е да се ослободат децата од зависноста од електронските уреди
– Ние не гарантираме за исправноста на овие уреди доколку се случи истите да се оштетат.
ФОРМА НА КОМУНИКАЦИЈА СО ДЕЦАТА ?
Комуникацијата во принцип е преку телефонски број кој го има Коузон и на кој можете да
се слушнете со вашите деца.
За секоја потреба, тим лидерите на Коузон ќе бидат во контакт со Вас како родители .