Процесот на аплицирање е едноставен, лесен и БЕСПЛАТЕН…
Ние, препорачуваме да не посетите во некоја од нашите канцеларии и да ги добиете основните информации лично од нашите вработени.
Она што ќе би биде лично објаснето, ние ќе Ви го дадеме и во писмена форма.
Она што треба да го знаете е следново :
- Со самото аплицирање се пополнува апликација за W&T USA
- Изјава за прифаќање на условите на програмата ( која содржи точни лични податоци, кои подоцна ќе се користат во документите за поднесување на барање за DS-2019 и виза.
Дополнителни документи кои се приложуваат кон апликацијата и изјавата се:
- Потврда за редовен студент на македонски и англиски јазик (превод кај овластен судски
преведувач) - CV на англиски јазик Коузон формат – со наведено предходно работно искуство
- 2 фотокопии од предната страна на пасошот
- 1 фотокопија од предната страна на индексот
- 1 фотокопија од претходни американски визи * ако предходно сте аплицирале и добиле виза
- 2 фотографии пасошки формат
- Уплатница на прва рата од програмата
Напомена: Спонзор Агенцијата го задржува правото во случај да потреба, да побара дополнителни документи како потврда за неосудуван, тест за англиски јазик, препорака од професор или работодавец.
При аплицирање кандидатот наведува:
- Датуми на одење и враќање во/од Америка ( можни месеци за заминување се мај, јуни и првата половина од месец Јули )
- Локација ( град, регион, држава во САД, во која сака да работи и престојува во Америка – по личен избор или препорака на вработените во Коузон
- Вид на работна понуда за која се одлучува опција 1 или 2
- Друштво ( групно вработување на неколку студенти заедно ) – на апликацијата се наведува лицето/та со кои студентот планира да оди, нивниот однос (брат/сестра, братучеди, пријател, партнер). Лицето наведено на апликација на друго лице, потребно е и во својата апликација да го наведе лицето со кого планира да оди за Америка, во спротивно нема да се земе во предвид барањето.
- Должината на претстој во Америка – 3 или 4месеци
- Начин на комуникација со учесникот – јасно напишани контакт телефонот (мобилен и фиксен), адреса на живеење, е-маил адреса и Skype контакт, со цел да се развие полесна комуникација со учесникот.
Конечна одлука за прифаќање на учесникот на програмата ја донесува Спонзор Агенцијата.