Au-Pair USA
Become an au pair and have the time of your life
Would you like to get an authentic insight into a foreign country? Experience another language and culture with the help of a host family? Make friends for life and improve your CV?
Then why not become an au pair?
-
It’s easier than you think!
-
Have an au pair adventure!
-
A once-in-a-lifetime experience
Apply : [email protected]
Au Pair in America е целогодишна програма за млади девојки кои имаат искуство и сакаат да работат со деца На уникатен начин ја отвора пред апликантите и можноста да се дообразуваат, да го усовршат англискиот јазик и да се здобијат со незаборавно животно искуство. Престојот од една година со американско семејство им овозможува да ја запознаат американската култура и начин на живеење. Програмата нуди единствена можност за:
- Животна авантура,
- Стекнување нови пријателства
- Работа со деца
- Живеење со американско семејство
- Учење нешто ново
- Подобрување на јазичните способности
- Откривање на Америка
- Заработка од повеќе од 9000$ годишно
Вистинско искуство на културна размена: Au pair не само што ќе ја запознае културата на САД, туку и многу други култури преку пријателствата што ќе ги стекне за време на претстојот. Ќе биде една од 4000 Au pairs од преку 50 држави кои патуваат во САД секоја година
Претстој: Минимум 12 месеци како рамноправен член на семејство кое е внимателно избрано во една од 37 држави на САД. Работа 45 часа грижа за децата неделно и извршување на полесни домашни задачи (не повеќе од 10 часа дневно) и не повеќе од 5 ½ дена неделно, за што се добива неделен џепарлак од 195-500 долари. Задачи на бебиситерката и типичен ден се Прошетки со децата, нивно облекување, капење играње со нив Подготвување оброци за нив, чистење на нивните соби, местење на детските кревети перење/пеглање на алиштата Возење на децата до училиште или до други активности Помош околу домашните задачи на децата Чување на децата навечер кога родителите се излезени. Сите работни задачи се во врска со децата. Од бебиситерката не се очекува да извршува потешки задачи во домот. Тоа значи дека ќе имате многу слободно време. Виза Се аплицира за Exchange Visitor J-1 visa . Сите потребни документи за виза ги испраќа Au Pair in America Бебиситерката е покриена со основно здравствено осигурување. Има можност за доплата и надградување на основното осигурување. Локална 24 часовна подршка од советник за програмата 24/7, како и бесплатен телефонски број за барање совет или помош Програма за запознавање По пристигнувањето во САД, се организира 4 дневна тренинг програма во хотел во Њу Јорк како и рaзгледување на Њу Јорк. Семејствата –домаќини Нашите семејства-домаќини се внимателно избрани и лично интервјиирани од советник на Au pair in America. Семејството ќе ви обезбеди сопствена соба, храна и пристап до транспорт за вашите часови од курсот кој ќе го изберете. Au pair in America ќе ви помогне да изберете семејство чии што потреби и начин на живот ќе одговараат на вашиот. Нашите советници: Во секоја област (од вкупно 180) има локален советник и претставник на Au pair in America. Тие се тука за да се осигураат дека и на вас и на семејството ви е удобно заедно и дека успешно соработувате. Тие исто така ви помагаат да се запознаете и да се дружите и со другите бебиситерки од тој регион. Советникот е тука за:
- Да ги интервјуира семејствата
- Да ве пречека кога ќе дојдете
- Да ве информира, подржи,советува вас и семејството за време на вашиот претстој
- Да ги организира месечните средби и друштвените активности на бебиситерките од таа област.
- Возраст од 18 до 26 години
- минимум средно образование
- искуство со чување на деца
- минимум 200 часа искуство со грижа за деца
- Познавање на англискиот јазик на ниво на комуникација
- Поседување на возачка дозвола и возачко искуство
- Желба да се помине една година со американско семејство
- Желба за патување и прилагодување кон потребите на семејството
- Пополнета апликација
- Копии од завршено образование
- Копија од возачка дозвола
- Уверение за неосудуваност
- Копија од пасош
- Агенциска провизија 4000 денари –се уплаќа на жиро сметка на Коузон на денот кога ќе се аплицира
- Prоgram Fee 850 евра –се уплаќаат после добивањето на фамилија а пред влез во Американска Амбасада
- 160 долари за Американска виза