Ни представува огромно задоволство што успеавме да иницираме и организираме репатијација на Македонските и останатите балкански морнари кои работат на компанијата Royal Caribbean Cruises Ltd.
Со наша иницијатива , со максимална посветеност и логистика која ја понудивме како партнер на Royal Caribbean Cruises ,
бродската компанијa ја прифати нашата иницијатива и ни овозможи да бидеме горди на постигнатото .
На 26 Мај , на Скопскиот аеродром слета авион со 291 морнар од Македонија , Бугарија и Србија.
Сликата од самото слетување на големиот џамбо-џет ќе остане запамeтена како прво слетување на чартер лет од Карибските острови.
Она што следеше по излегувањето на нашите морнари од Авионот , создава емоции кои ќе се паметат цел живот .
Им благодариме на сите наши морнари кои изразија БЛАГОДАРНОСТ за она што го направивме за нив и ги донесовме брзо и безбедно дома .
По поминати повеќе од 65 дена , на брод, на отворено море , без право на излез на копно , доаѓањето дома за нив беше НАСТАН од огромна важност .
Сликата од Скопје , ќе се повтори и во Подгорица , каде што повторно преку на ( КОУЗОН ) се организира слетување на нов чартер лет од Барбадос.
И овој лет ќе биде полн со морнари од Црна Гора , Србија , БиХ и Албанија.
Очекуваме слетување на 297 наши колеги .
Иако радоста за враќањето на моранарите сеуште е присутна кај нас , би истакнале дека би биле посреќни ако можеме да ги вратиме сите на брод во скоро време .
Следат неколку фотографии од настанот во Скопје.
Comments are closed.