85 МАКЕДОНСКИ „ПОЖАРНИКАРИ “ РАБОТНО АНГАЖИРАНИ НА 2 КОНТИНЕНТИ

ПОДГОТОВСКИ ЗА УЧЕСТВО НА ГОЛЕМ ПРОЕКТ – NCL JOY
ШАНГАЈ – СИНГАПУР – ЈОКОХАМА – СИЕТАЛ

Во полна пареа се подготовките за еден од најамбициозните проекти на Коузон во кој ќе бидат вклучени 85 македонски „фајр-вочери“ / Fire Watchers .
Комплексноста на овој проект е на многу високо ниво од причина што нашите „пожарникари“ ќе бидат работно ангажирани од 11ти март до 22 април, работејќи на бродот Norwegian Joy

Проектот започнува во Шангај, Кина, на 11 Март , потоа продолжува кон Сингапур, од каде по престој од 22 дена по воден пат ќе стигне до Јокохама, Јапонија.
Сите оние наши „ пожарникари “ кои ќе останат на бродот до крајот на овој прoект ќе имаат ретка можност да имаат и „ туристичко“ патување преку Пацификот за да стигнат во Сиетал, САД. * Seattle – USA . * на 21 Април.

Денес ги започнавме последните подготовки за овој проект , со групно аплицирање за влезни Кинески визи по што ќе следи и аплицирање за Американски визи.

Следната недела , организираме еднодневна обука за сите „ нови пожарникари “ и веќе на 9 Март ќе ги испратиме на далечниот пат кон Државите – Кина , Сингапур и Јапонија.
Овој dry dock проект е 3 по ред од почетокот на оваа година.

Во Јануари – имавме група од 85 „ пожарникари “ – ангажирани на работен проект на Бахамските острови.
Во моментов – имaме повторно 30 македонски „пожарникари “ – работно ангажирани на Бахамските острови.

Следи патувањето за Шангај , а потоа ќе има уште неколку проекти поврзани со реновирање на Cruises бродови и тоа на Бахамските острови , Марсеј и Брест Франција , Саоутхамптон – Англија , Барцелона – Шпанија , Чивитавекија /Рим Италија .