УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА
За да се аплицира за летна студентска работа во Германија , Вие треба да сте :
- Редовен студент на акредитираните Универзитети во Македонија
- Да имате познавање на Германски јазик – на минимум А2 ниво
Евалуацијата за нивото на познавање на Германскиот јазик ја прави исклучиво Коузон и тоа во интервју со регрутер од Коузон .
Оваа евалуација ќе биде составен дел од апликацијата на студентот - Услов е да се прифати работен договор од минимум 2 месеци во Германија
- Се аплицира за работа на целата територија на Р. Германија а не за посебен Регион или Град во Германија бидеќи со тоа се намалуваат шансите за добивање на работа.
- Со апликацијата треба да се прифатат што е можно повеќе оддели- групи на работни активности кои би сакале да ги работите во Германија .
Можните групи на работни понуди дадени се во апликативната форма што ја испраќа Државниот завод за вработување на Р.Германија. - Не се гарантира добивање на работна понуда за група на апликанти кои сакаат да бидат на исто работно место т.е кај ист работодавец.
- Работните понуди се добиваат директно од Бирото за вработување на Р. Германија и тоа најкасно до средината на месец мај во тековната година.
Студентот е обврзан во рок од мах. 2 недели по добивањето на работната понуда да ја донесе својата одлука дали ќе учествува во програмата или не.
ВАШИОТ ПРОЦЕС НА АПЛИЦИРАЊЕ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНЕ СО СЛЕДНИВЕ ЧЕКОРИ:
- Пополнување на 2 Апликативни форми со актуелни слики во пасошки формат (Bewerbungsbögen)
- Пополнување на 1 Апликација од агенцијата Коузон .
- Потврда за редовен студент (Immatrikulationsbescheinigung) – преведена на германски јазик од овластен преведувач.
- Копија од возачка – * доколку ја имате
ВАЖНО: Пополнувањето и комплетирањето на докумените треба да биде најкасно до 15 Април во тековната година на аплицирање. Документите се испраќаат по пошта во две копии на адреса на Државниот завод за вработување на Република Германија во Бон. Испраќањето на документите за Бон го реализира исклучиво Коузон.
Од Коузон ќе добиете официјален документ со кој се потврдува Вашето аплицирање , преку добивање на правилник за учество во програмата .
Овој документ (Merkblatt) е издаден од Германското Министерство за работни односи .
Патувањето за Германија – студентот го организира самостојно а Коузон помага само во делот на обезбедувањето на авионска или автобуска карта или организирање на група за заедничко патување.
Здравственото осигурување го понуди Коузон и може да биде Македонско или Германско и мора да го покрие целиот престој во Република Германија.
За сите услови за улчество во програмата – студентите ќе мора да потпишат посебна изјава за прифаќање на условите за учество во програмата кои се горенаведени .
За сите останати информации Ве молиме слободно да не контактирате
[email protected]