Дневна програма на Коузон Камп:
Програмата за активности во кампот се базира на куќниот ред поставен од Управата на Кампот.
Истата е адаптибилна и може да претрпи одредени промени во организациона смисла , но без можност за временско одстапување од рамките во кои функционираат сите активности во кампот .
Еден ден во кампот изгледа вака :
8:00 – 8:30 Будење на учесниците . ( Обврската за будење ја имаат Тим лидерите )
8:30 – 9:00 Појадок ( задолжително присуство на сите кампери )
9:00 – 9:30 Чистење на бунгаловите и средување на алишта
9:30 – 9:45 Инспекција ( проверка на извршената обврска од странана Камп лидерот )
10:00 – 12:00 Спортски активности според дневна програма ( најмалку 3 спортови )
12:00 – 13:00 Базен или плажа
13:00 – 13:45 Ручек ( задолжително присуство на секој кампер )
14:00 – 17:00 Пладневен одмор или часови за Англсики јазик ( сите деца остануваат под сенка пред бунгаловите или во бунгаловот . Целта на ова е да се заштитат децата од јакото сонце.
За време на овој период тие играат игри или се подготвуваат за вечерната забавна програма (групно пеење на песни, скечови, танци и други активности според желбата на децата).
17:00 – 17:15 Попладневна ужина
17:15 – 19:00 Спортска програма со изведување на 3 спортски активности и одење на плажа
19:00 – 19:40 Хоби: Децата ја бираат спортската или едукативна активност за која се најмногу заинтересирани и се вклучуваат во тренинг програма под раководство на тренери и инструктори. Може да се одбере сликање, правење ракотворби, дизајн на накит, танцување, театар, tae kwon do, шах, модерни и традиционални танци итн.
20:00 – 20:45 Вечера ( задолжително присуство на сите кампери )
21:00 – 23:00 Забавна програма – секој ден организираме забавни активности и различни настани (театар, пеење, диско, маскембал, натпревари, игри итн.) Исто така организираме екскурзии до околните градови, ноќевање покрај море итн. под надзор на инструктори и тим лидери
23:30- 24:00 Ноќевање (се разликува според возраста на камперите).