Kouzon Work & Travel America 2015
Testimonial from Filip Manev
Здраво,
Jас се викам Филип Манев, и летото го поминав во забавниот парк Cedar Point Ohio, како дел од студентската програма Work and Travel со Коузон. Забавен парк прогласен со најголемите ролеркостери во светот. Луѓе од најразлична возраст чекаат ред 2 часа порано пред да отвори паркот. Атракција во вистинска смисла на зборот што привлекуваше илјадници туристи секој ден што го оживуваше брегот на малото градче Сандаски.
5 000 вработени од целиот свет бевме сместени во комплекс студентски згради лоцирани на 3км од паркот каде бесплатни автобуси на секои 15 мин не носеа до работното место.
Инаку за сместувањето се плакаше 40 долари неделно.
Се организираа безброј забави, настани за вработените , вистинско место за забава, и имавме професионален и фер одност од страна на менаџерскиот тим на компанијата.
Бев скептик на почетокот.
Прво работев на позиција Food Host со задоволителен број на часови , а после првиот месец се изборив да работам на позиција Server во најпопуларниот ресторан во рамките на паркот . Тогаш ја почуствував економската моќ на Американците . Оставаа огромен бакшиш и заработував повеќе од некои што работеа и по 2 или 3 работи .
Со ефтината храна и сместувањто кое беше за “џабе” и на таа заработка, можам да кажам дека како за прва сезона во оваа програма сум презадоволен.
Благодарност и до Коузон кои беа покрај мене во секој момент од престојот.
I LIVE MY DREAM IN AMERICA – YOU CAN DO AS WELL!!
More info at [email protected]
Comments are closed.