Kouzon Work & Travel America 2015
Testimonial from Ivana Guncheva – Cedar Point
How I spent my last summer as Work and Travel student in America
Почитувани мои колеги и колешки,
Oсетив потреба да Ви се обратам и да ви ја раскажам мојата приказна и мојот незаборавен престој во земјата од соништата,Америка!Желбата да ја посетам Америка за време на летниот распуст беше преголема,уште од првиот ден кога се отвори програмата за W&T 1015 бев во агенцијата и се информирав за сите детали кои беа дел од аплицирањето како и периодот после добивањето на виза.
Мојата желба беше толку голема што од таа позитивна мисла ја добив и визата.Бев со мојата сестра.Не бев изненадена од убавините и можностите кои ги дава Америка туку од самиот однос.Во Америка секогаш си добредојден,никогаш не те гледаат како граѓанин од втор ред или само како странец,земја каде што навистина градиш кариера на основа на твоите знаења и способности,земја во која нема предрасуди и секој граѓанин е активен член во процесот на создавање на позитивна животна средина.Америка ги исполни сите мои очекувања па и повеќе.
Имав шанса да бидам на границата од САД и Канада и да се прошетам низ падот од водопадите на Нијагара.Да ги посетам знаменитостите и да се запознаам со историјата на Америка во Вашингтон и да прошетам низ паркот Миллениум во Чикаго.
Со несебична помош на професионалниот тим на ,,Коузон“јас го остварив мојот животен сон.Бескрајно им сум благодарна за укажаната чест што секогаш беа со мене кога и да ми требаше некоја помош.После оваа патување јас,па и верувам дека секој што учествувал во оваа програма е друга личност.
Се вратив да ги довршам студиите и со нетрпение се надевам дека уште еднаш ќе ја имам можноста да ја посетам Америка,земја каде љубовта преовладува меѓу луѓето,каде што не е важно дали си црн,бел или жолт-човечноста е основен животен стил кој ти ги покажува смерниците во животот.
LIVE YOUR DREAM WITH KOUZON [email protected]
Comments are closed.