Имав можност да работам во најубавиот хотелски ланец на Cape Cod !
Никогаш нема да го заборавам лето 2015!
KOUZON Work & Travel America
Jас сум Тодороски Христијан студент на Економскиот факултет во Прилеп.
Ова лето 2015 ја искористив шансата која ми ја овозможи корпорацијата Коузон и бев дел од програматa Work and Тravel 2015.
Поминав одлични четири месеци во Соединетите Американски Држави, во државата Massachusetts, на полуостровот Cape Cod во градот South Yarmouth.
Работев во прекрасниот хотел Blue Water кој е дел од ланецот на хотели Red Jacket Resorts.
Добриот менаџмент и незаборавната дружба со голем број на студенти од целиот свет, ми даде можност да стекнам огромно искуство и пријатели од различни земји .
Хотелот се простира на прекрасното крајбрежје на Атлантскиот океан и дава можност целосно да уживате во топлото лето.
Искористете ја можноста која Коузон ја овозможува на млади и амбициозни студенти кои сакаат да ја запознаат Америка и нејзините културни и природни убавини.
Искуството кое го стекнав во хотелот Blue Water ме направи поамбициозна личност полна со желба за понатамошна надградба во секоја сфера!
Дефинитивно најдобриот работодавец во регионот! Ви го препорачувам на сите !
Забава, искуство и заработка на исто место! Коузон ви благодарам од срце!
Comments are closed.