Коузон исполни уште едно ветување кон студентите кои имаа желба и голема амбиција да добијат работа на Cape Cod .
Денес , во Скопје ( во нашите простории ) се одржа лично интервју со Г-дин Томас Толентино , менаџер на престижниот Хотелски ланец Red Jacket од Масачусец ( Massachusetts ) .
Идејата да го поканиме Г-дин Толентино во Скопје беше на студентите кои минативе години работеа во овој Хотелски комплек.Презадоволни од третманот и вниманието што Г-дин Талентино им го даде нив , тие посакаа да му „ вратат “ внимание и да го изненадат со нашата Македонска гостопримливост .
Кога студентите се задоволни од работодавецот , ние сме уште позадоволни . Тоа е магичната формула која дава резултати и која нас ни дава мотив да бидеме проактивно насочени кон таквите работодавци.
Убедени сме дека сите студенти кои одлучија годинава да работат за Red Jacket ( Blue Water Resort) ке бидат исто толку задоволни колку и сите студенти од минатите години .
Да споменеме дека аплицирањето за нашата програма Work and Travel America – сеуште трае .
Ве очекуваме ……… [email protected]
Comments are closed.