Live your dream...

Стефаниа Макаровска.

Work & Travel USA 2014

The-American-dream_2015-1.jpg

ЖИВОТ И РАБОТА ВО НАЈУБАВИОТ НАЦИОНАЛЕН ПАРК

Yellowstone National Park – USA
Стефаниа Макаровска – студент од Македонија

Многу млади од Македонија мечтаат да ги посетат и работат во големите Американски градови – Њу Јорк , Мајами , Чикаго, Бостон , Лос Ангелес …. Но да се најде студент на кој 3 лета поминал во најголемиот и најубав Национален парk во Америка , представува изненадување .
Од оваа причина за нас интересно беше да ги пренесеме импресиите што Стефаниа Макаровска ( студент на Економскиот Факултет во Скопје ) ги има од ова уникатно место.

Како се одлучи да аплицираш преку програмата W&T America – и зашто го избра Yellowstone ? – ја прашавме Стефаниа .

„ Јас пред се премногу ја сакам природата и животните и тоа беше основна причина да аплицирам за овој национален парк. Работата ја добив преку Коузон и заминав пред 4 години за прв пат и сега живеам да одам и предстојното лето во Yellowstone “ – изјавува Стефанија и додава „ нема зборови со кои може да се опише убавината на тој национален парк . Верувајте ми Yellowstone не е само парк , Yellowstone е парк кој има и нешто што го нема никаде на светов , гејзерите . Јас ја имав таа ретка можност да го посетам најголемиот Grand Prismatic кој има големина на езеро од 90 метри широчина и 50 метри длабочина . Температурата во овој гејзер е околу 70 С. Ерупциите кои се случуваат во овој гејзер се нешто што неможете да го замислите доколку не го видите со сопствените очи “ – изјавува Стефаниа , видно возбудена од емоциите кои и се враќаат со самото спомнување на овој гејзер. – „ Покрај гејзерите овој национален парк изобилува со прекрасни езера, водопади и планински патеки по кои се движат милионите туристи кои го посетуваат „.

Кажа дека сакаш животни , дали тоа значи дека имаше можност да ги видиш во нивна придордна срдина како се шетаат и дали можеш да им пријдеш

„ Животните во паркот се слободни и можеш да ги видиш скоро насекаде . Мене лично најмногу впечаток ми оставија елените и бизоните . Но во Yellowstone има и мечки, лисици, зајаци , диви кози и уште многу , многу други видови на птици “ –вели Стефаниа.
“ За мене исто така представуваше задоволство можноста да јавам коњи кои во овој парк ги има доста и се некоја форма на превозно сретство кога се органзираат екскурзиите низ паркот “.

Што работеше во овој парк

„ Првата година од мојот престој во Yellowstone работев како помошник келнер . Втората и третата година добив унапредување и бев келнер. Тие што биле во Америка , знаат дека келнерите заработуваат многу , многу повеќе од останатите работни позици.Работев во преубавиот Yellowstone Resort – изјави Стефаниа . „ Презадоволна сум од условите на сместување и целиот престој таму . Сместувањето и храната се скоро беспари , ако се спореди колку плаќаат студентите кои работат на Источниот брег .

Како влијаеше на тебе Америка и можноста да работиш со Американци ? “

„ Америка ме промени и ми отвори нови погледи на светот . Лично сменив некои навики кои порано ми беа слабост така што сега имам поголема самостојност и спремност да се справам со големи предизвици, стекнав извонредни работни навики и мислам дека имам друг поглед кон мојата иднина. Од другите привилегии би ги издвоила; пријатели од цел свет , запознав прекрасни млади од сите континенти и тоа што прошетав низ цела Америка. “ додава Стефаниа .

Впечаток е дека студентите не сакаат да се впуштаат во непознато и дека се плашат да се вклучат во W&T Програмата. Што би им препорачала ти ?

„ Амо мислат така , можам да кажам дека страшно грешат . Она што можед да го видиш и постигнеш во Америка , мислам дека нема да моѓеш да го имаш на ниту едно друго место во светов. Впрочем јас сум вистински пример за тоа .Во Америка остварив многу мои соништа и како што Американците велат – го живеев Американскиот сон , работев но и уживав „ – емотивно се искажа Стефаниа .
„ Им препорачивам , без никакво двоумење да аплицираат , да заминат во Америка. Ќе ги вратат сите инвестирани пари , ќе заработат уште толку , ќе прошетаат но и ќе се вратат со 2-3 куфери со брендирани парчиња гардероба .“ препорачува Стефаниа .

Коментар на се што е кажано од нејзе , не е потребен. Фотографиите од паркот не мотивираат и нас да аплицираме и да заминеме во Америка. Секако после овој разговор нашиот сон ќе биде да го посетиме Yellowstone .

Pismo_ver-3-4

Kouzon Corporation

Добредојдовте на новата веб страница на Коузон...

FOR ALL EMERGENCIES CONTACT (HIRING PARTNER) KOUZON CORPORATION:

CONTACT PERSON : Mr.ZORAN KOCOSKI
+ 389 70 206 108 -24 HRS /7 DAYS/WEEK
+389 78 45 44 26 - 24 HRS /7 DAYS/WEEK