Боровец ( Бугарија ) е една од најатрактивните зимски туристички дестинации која години на ред го држи приматот како најпосакуван ски центар во регионов.Официјално како ски центар се споменува уште од 1896 година и се води како еден од најстарите ски центри во цела источна Европа .
Планината Рила, има најблагопријатна контенентална клима со умерена зимска температура .
Надморската висина на ски терените е 1300 м. ( на оваа висина е лоциран Хотелот Рила , нашиот сместувачки КАМП ) .
Највисоката точка на патеките за скијање е на 2560 м НВ што воедно е и највисока во регионот на Балканот . Според познавачите на зимските ски спортови овие висини се сметаат за најидеалните висини на кои може да се изведуваат спортски активности .
Боровец располага со 27 патеки кои имаат вкупна должина за скијање од 58 км.
Ски центарот Боровец , располага и со комплетна опрема за вештачки снег со кој можат да бидат покриени 4 патеки во вкупна должина од 2300 м . ( Рила, Иглика, Мартинови Бараки 2 и Мартинови Бараки 3 ).