8-МАРТ КАКО ДЕН ЗА ПРАЗНУВАЊЕ

Вработени 209 студенти на атрактивни локации во САД

Денешниов ден , покрај познатата причина за прославување ( по повод Денот на жената ) нашите апликанти за Work and Travel 2014 го прославуваат и како ден кога им се исполни сигурно во моментов најголемата желба –ДА СЕ ДОБИЕ РАБОТА ЗА АМЕРИКА.

Да , денес во големата сала на Холидај Инн – во Скопје , Коузон го организираше традиционално најголемиот Саем за вработување на студенти .
209 Студенти добија работа , точно онаа што самите ја избраа .
Денес , со присуство на 17 работодавци од Америка, од повеќе атрактивни локации , сите кои го чекаа овој ден , дочекаа да добијат работен договор.

Со овој последен чекор од овој прв дел од нивното аплицирање , нашите студенти се здобија со право да аплицираат за Американска  J1 visa  и предстојново лето да го поминат работеќи , забавуваќи се и зарботоваќи во Америка .

Многу зборови не се потребни . Сликите кои следат покажуваат што точно денес се случуваше на овој голем саем за вработување.

Она на што сме секако горди е фактот што нашиот партнер од  САД , спонзор агенцијата CIEE како најголема спонзор агенција за оваа програма во Америка , секогаш ни ги обезбедува најдобрите и најатрактивни работодавци . ( патем да споменеме дека во повеќегодишното работење , тие CIEE , имаат прифатено повеќе од 200.000 студенти од 73 држави во светот ).

Да споменеме за крај. Овој саем не беше последната можност да се аплицира за оваа програма .
ИМА СЕУШТЕ СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА .
Повелете аплицирајте ….. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!!