КОУЗОН WORK & TRAVEL 2017
Нам во Коузон ни е драго да видиме дека нашите студенти се забавуваат и во периодот за работен ангажман. Се чини дека секој слободен момент го користат да посетат нова локација во близина на нивните работни места.
Ана и Сара работат во Rehoboth Beach, Delawareно направија кратка посета на Washington, Иван работи на прекрасниот Martha’s Vineyardи ужива во островскиот живот.
По долгите работни денови во забавниот парк Cedar Point, Мартин и Стефан решија да го посетат New York и Seattle a Сара има одлично летно искуство на плажите во New Jersey.
Ивана, Еда и Христина по вторпат се забавуваат во Maine, а Бисера и Моника се снаоѓаат одлично на источниот брег од Америка.
Нестрпливо ги очекуваме назад, за да ни ги раскажат живописно нивните искуства и да ни пренесат дел од нивните позитивни доживувања кои ги имале ова лето во Америка.
Новиот апликативен период за Work &Travel 2018 започнува на средината на октомври, кога нашите врати ќе бидат ширум отворени за сите заинтересирани студенти кои се подготвени за ново искуство и бесконечни доживување во лето 2018та.
Поздрав Коузон тим
Comments are closed.