ЈАНУАРИ 2020 – МЕСЕЦ НА РАБОТНИ ПРОЕКТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

МАРСЕЈ , ПОРТО РИКО, КАДИЗ – 133 FIRE WATCHERS 

Со почетокот на 2020 година , започнаа работните проекти на Коузон и Македонските пожарникари.
Тимовите на Коузон – Fire Watchers спремни ја дочекаа Новата Година и на 2 Јануари , 105 пожарникари заминаа на работен проект во Франција, на реновирање Norwegian Spirit Cruise Ship.
Овој работен проект ќе трае до 11 Февруари.

Во текот на Јануари испраќаме уште две групи на Македонски пожарникари и тоа 14 од нив ќе летаат до Порто Рико ( САН ХУАН – Америка ) каде треба да се качат на бродот  FREEDOM of The Seas ( брод на компанијата Royal Caribbean Cruise Line ) со кој преку Атлантскиот Океан ќе дојдат на пристаништето во Кадиз – Шпанија.
На овој т.н  dry dock – ќе им се приклучат уште 14 други македонски пожарникари кои заедно ќе се грижат за противпожарната безбедност на бродот и на сите работно ангажирани лица кои ќе го изведуваат сложениот проект за модернизација на овој брод.

Ова се само дел од проектите во кои нашите македонски пожарникари ќе бидат вклучени во месеците кои следат.
Во најава се проекти во текот на месец Февруари , Март , Април и Мај .

Со посебно задоволство можеме да истакнеме дека ние од Коузон и Fire Aid UK обучивме повеќе од 340 млади од Македонија кои се максимално спремни за одговорно извршување на работните обвски поврзани со реновирањето на големите бродови за крстарење.

Место за нови апликанти – заинтересирани за учество во вакви работни проекти секогаш има.
Слободно испратете ни биографија на [email protected]  ( со напомена – fire watch/dry docks projects )