УНИКАТНО ИСКУСТВО СО РАБОТАТА НА БРОД.

#InAKouzonWorld – My Cruise Ship Life – Thank you KOUZON 

Моето име е Ирена Васевска – mixology is my passion, smile is my weapon 
Преку Коузон заминав да работам на брод на MSC Cruises. 
Сакам да ја споделам мојата приказна со вас.

Почнав како бар сервер, и поради моите заслуги подоцна добив шанса и да работам како помошник бартендер.
MSC Cruises го согледа мојот потенцијал и љубов кон работата и ми овозможи да ја посетам Италија за `bartender & mixologist academy`.
Ја сакам мојата работа во Bar Department и можам да кажам дека за 2 години созреав во врвен бартендер.
Зад мене имам 3 успешни договори со оваа компанија.

Врв на моето искуство е отворањето на новиот брод на MSC Cruises, привилегија која ја имаат најдобрите. Да се отвори нов брод, да се имплементираат стандардите на елитен сервис и да се стави сѐ во беспрекорна функција е предизвик на најумешните.
Отварањето и лансирањето на новиот брод беше прекрасен евент, со многу познати фаци, голема прослава и мондемски хепенинг. Дружењето и работата веќе постануваат исто задоволство.

Клик на линков да го погледнете мојот брод, мојот дом, мојот MSC Seaside!
330м долг, 18 спрата висок, 5120 капацитет на гости, плус екипаж !
https://www.youtube.com/watch?v=0Gwh7E13dy0

Животот на брод е супер, динамичен и полн со уникатни моменти искуства.
Имам прилика да запознаам млади од цел свет и да посетам многу места. Веќе наликувам на Берта Додевска по моите патувања и авантури 

Ова им го препорачувам на сите млади, да излезат од своето секојдневие и рутина и да се придружат на овај свет, на овај живот. Се заработува солидно, се посетуваат преубави места. Македонија нема море, ама има морнари- се што треба е да го направите првиот чекор- да се решите ! Успехот е тука.

Голема благодарност до Коузон Тимот, искусен и професионален тим кој ми помогна и мене и на моите колеги успешно да стартуваме нова кариера , нов животен стил, нови авантури !

Благодарам за сѐ Коузон ! Најдобри сте !

Ирена

Доколку имате било какви прашања слободно контактирајте не …