Современите текови на живеење многу често од нас бараат дополнителни средства кои се потребни за реализација на нашите желби, идеи и визии.
Ако Вашата желба е да одите во САД и да учествувате во W&T Програмата , Коузон со целосна поддршка ќе Ви помогне да добиете еден од т.н студентски кредити, кои се креација на Коузон.
ШТО Е СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ ?
Посебно креиран продукт во неколку комерцијални банки врз основа на барање на Коузон.
Првите студентски кредити за W&T програма, во Македонија се појавија во 2000 година .
Барањето на кредитот е врз основа на вработувањето на родителите, кои се појавуваат како кокредитобаратели на студентот .
ШТО Е ПРЕДНОСТ СО ОВИЕ КРИДИТИ
Самото аплицирање е предност за студентот, бидеќи истиот се добива врз основа на поднесена апликација во Коузон и желба за учество во Work and Travel програмата.
Студентските кредити имаат ГРЕЈС период за враќање кој е димензиониран да почне да се враќа по влегувањето во САД и првите заработени пари ( т.е обврската за враќање на кредиот е на студентот а не на родителите ). Кредитите имаат повластен % кој е понизок од потрошувачките кредити.
ПРЕКУ КОИ БАНКИ СЕ АПЛИЦИРА ?
Коузон има екслузивни договори со :
- УНИ Банка
- Охридска Банка
- НЛБ Тутунска Банка
ШТО ДРУГО Е ВАЖНО ?
Важно е да се има обврска кредитот да биде вратен од парите кои вие ( студентите ) ќе ги заработите во САД. Ова значи големо ослободување на родителите од обврската за враќање на кредитот и стекнување на самодоверба за способностите да се биде финансиски одговорно лице .