СПОРТ И ЗАБАВА , ЗА ДЕЦА ОД 7-17
НАЈДОБРОТО ЗА ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА – ЛЕТНО УЖИВАЊЕ И СПОРТУВАЊЕ
Една од најважните работи во растот и развојот на децата е спортот.
Тој придонесува за правилно растење, стекнување на здрави навики и многу многу дружење и тимска работа.
Во нашиот Коузон камп во Грција токму спортот е приоритет за време на престојот.
На простор од повеќе од 20 000 м2, сместени се терени, сали и арени за повеќе од 30 спортови.
За секој спорт има соодветни тренери и инструктори кои се грижат за правилно изведување на сите активности.
Дали тоа биле некои од најпополарните спортови со топка: фудбал, кошарка, одбојка; адреналински спортови како екстремни спортови, јавање на коњи, стрелање со лак и стрела или воздушни пушки; практикување на боречки вештини и одбранбени техники преку таеквондо или карате; одржување на здрав дух преку кросфит или зумба; рекреативно возење на велосипеди или ролерки или едноставно пливање и разладување на некој од многуте базени или на приватната плажа на кампот ,едноставно во нашиот камп има се за секого.
Не ја пропуштајте можноста да Вашето дете преку забава и дружење стекне вредни животни навики, да спортува и да ужива со свои врсници од Европа и да помине 8 незаборавни денови во природа и без електронски уреди.
ОГРОМЕН Е ИНТЕРЕСОТ ЗА ОВОЈ КАМП , родителите и децата од Македонија го избраа КОУЗОН КАМПС .
Почитувани , се гледаме на камп! [email protected] 078 45 44 26
Comments are closed.