РОДИТЕЛИТЕ ПОТВРДИЈА – „ НАШИТЕ ДЕЦА ЌЕ ОДАТ НА КОУЗОН КАМПС “

КОУЗОН КАМПС -2016

c2

Најмногубројната камперска смена за 2016 година започнува на 1 Јули и во неа ќе имаме повеке од 250 деца .
Како резултат на овој број на учесници ( кампери )  , Коузон ги покани и успешно реализира подготвителна средба со околу 250 родители и деца кои присуствуваа на  родителската средба во големата сала на Младинскиот кутурен центар во Скопје.
Овие средби се  традиција на Коузон и редовно се органзираат со сите родители од сите групи на учесници во нашиот камп во Грција.
Целта на средбата беше на лице место и во детали да ги информираме родителите за начинот , формата и условите за реализација на програмата во нашиот камп во Грција и најмногу од се да побараме од нив поддршка во беспрекорно спроведување на предвидените содржини во кампот.

Во 2 часовното дружење со нив , во многу позитивна атмосфера , успеавме да ги информираме за сите детали од организацијата т.е подготовката за заминување во Грција, како и се она низ што нивните деца ќе поминат заедно со нас и нашите тим лидери .
Да се организира патување во странство за деца , никако не е исто како и туристичко патување за возрасни лица. Коузон има знаење и пред се стратегија за беспрекорна организација на вакви детски програми
Со голема радост можеме да изјавиме дека и оваа група на родители безрезервно ни потврди :
“ СРЕЌНИ СМЕ ШТО НАШИТЕ ДЕЦА ЌЕ ОДАТ НА КАМП СО КОУЗОН „ ….

Фотографиите кои следат пренесуваат дел од атмосферата од денешниот настан