По пауза од повеќе месеци , деновиве Коузон реализираше SKYPE интервју со менаџерите за вработување во PHОTO DEPARTMENT за нашите партнери од Италија , MSC Cruises .
Понудивме CV-a на повеќе кандидати од неколку балкански држави.
По интервјуто со Менаџерката за вработување Mrs.Sartori , избрани беа 10-тина наши кандидати за работа на оваа бродска компанија .
Процесот за нивно повлекување и качување ќе биде многу брз , бидеќи на компанијата и требаат нови кадри за пополнување на испразнетите места .Искрено се надеваме дека сите одобрени кандидати ќе заминат на брод најкасно до крајот на Фебруари 2014 година .
За оваа бродска компанија важно е да напоменеме дека целиот наш процес е бесплатен .
Заминувањето е условено со добиванје на т.н STCW-95 сертификати кои се услов за заминување на брод.
Коузон има организиран тренинг од оваа област и овие сертификати се добиваат многу брзо .
Очекуваме дека во првите неколку месеци од 2014 година , повторно ќе имаме интервју за овој департмент но и за Duty Free Shop & Casino. На Вас останува да аплицирате и да бидете на листа за некое следно интервју
Comments are closed.