РАБОТА ВО АНГЛИЈА 2023

РАБОТА ВО АНГЛИЈА 2023 – [email protected]

РАБОТНИ ПОНУДИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕ, ГРАДИНАРСТВО И ОВОШТАРСТВО брзо заминување – ГАРАНТИРАНА РАБОТНА ВИЗА – можност за заработка

БЕСПЛАТНО АПЛИЦИРАЊЕ – само со КОУЗОН
ОБЕЗБЕДЕНИ само 3.000 работни понуди
СТАРТ НА ПРОЦЕСОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ за сезона 2023
ПРИЈАВИ СЕ – АПЛИЦИРАЈ – ПАТУВАЈ за Англија
Работните договори почнуваат од Март 2023

Почитувани

Ја имаме честа да Ве информираме дека од 11.01.2023 година , КОУЗОН , започнува со регрутација на кандидати заинтересирани за работа во секторот ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ГРАДИНАРСТВО-ОВОШТАРСТВО на земјоделски фарми ( комбинати ) во Обединетото Кралство .

Како и изминатите години , и оваа сезона , КОУЗОН е единствена МАКЕДОНСКА КОМПАНИЈА, која има ексклузивно право од регрутира и вработува лица на фарми во Англија и тоа за два директни спонзори на програмата која е креирана од Англиската Влада.

Процесот на аплицирање за оваа програма е едноставен ( но малку различен ) од тоа како беше во изминативе години.

ПРВ ЧЕКОР за аплицирање е :

ПРИЈАВИ СЕ ( регистрирај се ) на овој линк : https://forms.gle/bJR9sUYdf6o6EEcf6

ВТОР ЧЕКОТ – АПЛИЦИРАЈ – за програмата со потпишување на нотарска изјава за прифаќање на условите за аплицирање .

Новина за 2023 е тоа што , Коузон ќе организира лични средби со секој регистриран апликант и тоа ИСКЛУЧИВО на јавни презентации низ повеќе градови низ Македонија.

Избрани ќе бидат само оние кандидати кои ќе дојдат лично на интервју со нашите регрутери.

ТРЕТ ЧЕКОР – АПЛИЦИРАЈ за Англиска работна Т5 виза ( со помош на нашите Виза асистенти )

Трошокот за визата е Ваш!

Четврти чекор – ПАТУВАЈ ЗА АНГЛИЈА – трошокот за повратната авионска карта е Ваш

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПРОГРАМАТА

Апликантите треба да бидат на возраст од 21-50 години ,

Познавањето на Англискиот јазик е предност , но не и услов за аплицирање ,

Спремност за работа на отворено , во рурална средина и под различни временски услови.

Спремност да се прифати работна понуда која ќе биде избрана од Англиските работодавци.* изборот на работни понуди/фарми е лимитиран.

Барателите на работа нетреба да имаат никакви здравствени проблеми и ограничувања за изведување на физичка работа

Нудиме можност за :

1. Гарантирано добивање на работна понуда за работа на фарми во Англија, Северна Ирска, Велс и Шкотска

2. Гарантирано добивање на Англиска работна Т-5 виза .

3. Работните понуди се поврзани со работен договор до мах. 6 месеци.

4. Обезбедено здравствено осигурување за целиот престој во Англија.( NIC – National Insurance Contribution )

5. Можност за вработување на групи до 3 лица и брачни парови.

6. По исполнување на 6 месечен работен договор – следуваат 14 дена платен одмор.

Работните понуди се за работа на фарми/ плантажи за меки плодови, зеленчуци, овошни насади, оранжерии.

Работодавците нудат сместување во близина на работното место по цена од 59-67 фунти неделно.

Платата е во зависност од временските услови за работа и покажаните работни резултати.

* исплатата на плата е според Законската регулатива во Англија и тоа на ниво на минимална плата.

* оние кои нема да работат доволно добро или „забушаваат“ во работењето , ќе бидат отпуштени од работа и ќе треба да се вратат веднаш во Македонија.

За сите останати информации – Ве молиме да се пријавите на дадениот линк .( Ве молиме испратете ни е-маил на [email protected] ако имате некои прашања ).

СИТЕ ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ ќе бидат објавени во следниве денови ,

#InAKouzonWorld