ПРОМОЦИЈА И ДРУЖЕЊЕ – Коузон зимски камп

Kouzon Winter Camp 2015 - Borovec

Коузон многу активно ја започна промоцијата на Зимскиот камп низ основните и средните училишта во Македонија.
Повеќе тимови на вработени од Коузон , поддржани со наши активисти остварија средби со повеќе заинтересирани потенцијални учесници на зимскиот камп.
На наше големо задоволство ние бевме поканети да оствариме средби и да ја промовираме програмата на Коузон зимскиот камп и во повеќе школи за изучување на странски јазици но и во неколку спортски клубови .

Идејата за организирање на овој Зимски спортско-едукативен камп целосно е прифатена и од неколку поголеми компании , кои искажаа спремност да ја поддрржат програмата за кампот и да им ја понудат на децата од нивните вработени.

Сите овие активности ни даваат право да констатираме дека Коузон донесе вистинска одлука кога реши да го организира овој прв од ваков вид Зимски детски камп .

Можност за соработка има со сите заинтересирани поединци, спортски клубови, школи за странски јазици и училишта кои сакаат да ни се приклучат во успешната реализација на кампот .
Ве покануваме д а ни се обратите преку е-маил [email protected] или на некој од телефонските броеви во нашите канцеларии низ Македонија

kouzon_winter_camp-2015_image-2