ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА РАБОТА НА БРОД ВО БАЊА ЛУКА

1476204_228992147282255_215418555_nКоузон Босна и Херцеговина , т.е нашата канцеларија во Бања Лука успеа да ги собере сите заинтересирани кандидати од цела држава на едно место .

За да биде се на свое место , нашата активност се реализира во Хотелот „ Босна “  во центарот на Бања Лука.
Пред повеке од 100 заинтересирани , колегите од тимот за регрутација ги информираа и запознаа сите присутни со целиот процес низ кој треба да се помие за да се дојде до посакуваната дестинација т.е работа на брод.

Присутните , млади на возраст од 21-35 години , со воодушевување ја ислушаа презентацијата , повремено поставуваа прашања и на крај сите одлучија да аплицираат . Селекцијата беше многу брзо направена бидеќи најголем дел од апликантите имаа извонредни квалификации за позициите за кои аплицираа.

Наша констатација е дека Босна и  Херцеговина како Држава има огромен потенцијал да даде квалитетен кадар кој може да биде вработен на повеќе бродски компании. На сите кои го поминаа делот од селекцијата и веќе се одобрени за интервју со менаџерите за вработување на бродските компании со кои Коузон успешно соработува , им ветуваме дека во првите месеци од 2014 година ќе имаат можност да остварат лични интервјуа.

Следните активности во Бања Лука се предвидени за последната недела на Јануари , за кога очекуваме повторно да има голем број на апликанти