1 ден 08.03.2014 СКОПЈЕ – СОЛУН – ПАРАЛИА
Состанок со групатa пред хотел Вип во 04:30. Поаѓање за Солун. Панорамски разглед на градот: црквата Св. Димитриј1а, Универзитетот, Саемот, Беазкуле (Белата Кула)… По разгледот се упатуваме кон шопинг центарот COSMOS Слободно време за шопинг. Во договоренот време поаѓање за Паралиа, Пиериа. Пристигнување во Паралиа. Сместување во хотел. Вечерта можност за посета на таверна – прослава на 8ми Март (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ден 09.03.2014 ПАРАЛИА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, поаѓање за Метеори во 09:00ч. Попатен разглед на митолошкиот Олимп и византиската тврдина во Платамона. Пристигнување во Каламбака околу 12:00ч. Разгледување на импресивната природа и манастирите изградени на карпите – наречени метеори, кои настанеле пред околу 60 милиони години. Во 13:00ч. детална посета на манастирот Св. Х. Преображение. На враќање кон Македонија, посета на најголемата фабрика за икони и ретка можност да се види изработката на иконите. Пауза за ручек во близина на Каламбака (факултативно). Попатно посета на една од најпознатите цркви Св. Петка. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Макеоднија, во вечерните часови.
Цена на аранжманот:
3.400 MKD
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со модерен туристички автобус
- Сместување во хотел 3* во Паралиа на база 1 ноќевање со појадок
- Туристички придружник од агенцијата
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко осигурување
- Влезница за Метеори
- Вечера во ресторан (таверна) – 20€
- Ручек во Каламбака
НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
Comments are closed.