“ ОВА Е ОГРОМНО РАБОТНО И ЖИВОТНО ИСКУСТВО “

РАБОТА НА БРОД – преку КОУЗОН
НЕНАД НАКОВ – вработен на Norwegian Cruise Line

Здраво, јас сум Ненад Наков од Штип, аплицирав за брод и бев со голема возбуда зашто за неполни 30 дена од моето аплицирање јас требаше да се качам и почнам со работа на брод. Така се случи се брзо, бев повикан за интервју од страна на Козуон и за неполни 2 недели добив одговор за спремање на документи по итна постапка за качување, т.е. мое идно Вработување на БРОД.  Мојот брод стаса а тоа беше Norwegian Spirit кој е само еден од повеќето на Компанијата NCL.

Кога стасав првиот ден и влегов низ вратата ако така можам да ја наречам тоа беше голема возбуда премногу луѓе од различни националности сите со насмеани лица ме поздравуваа здраво како си добредојде, тоа беа првите 20 минути . Пристигна и мојот шеф на мојот департмент ме прошета низ целиот брод го разгледав ,тоа беше како да влегов во некој лаверинт од кој неможам да најдам излез се беше прекрасно луксузно. Подоцна се запознавме со нашиот Safety officer и имавме предавање за безбедност на бродот и заштита и правила кој мора да се почитуваат. Некаде после 7 поминати часови имавме тестирање кое одлично го поминав Благодарение на Рекрутинг Тимот на Коузон кој добро ме спремаше пред да се качам на истиот брод .

Се запознав со многу прекрасни луѓе се вселив во мојата кабина и тука започна се… вториот ден веке ги запознав моите колеги кои беа претежно црнци хаха многу кулл луѓе , се запознав со мојот супервизор и се тргна супер ми ја покажа работата што треба да се чисти како што користиме за заштита на брод додека работиме и така почнав 10 часа на ден работа и забава . Премногу народ на брод сите те поздравуваат сите се пријатни за дружба. После две недели научив скоро се, малку ми беше тешко да се снајдам низ сите тие врати низ бродот но помина и тоа сега го знам секое место . Веке сум околу 3 месеци овде и ми е супер прошетав толку многу прекрасни места доживеав многу работи а пред се искуството е големо со кое ке се стекнам. Инаку да не заборавам да кажам дека работам како Utility hotel и сум многу задоволен од сето тоа но меѓутоа се надевам дека ке напредувам и понатаму ..
Јас ја сакам мојата работа, јас го живеам мојот сон, јас патувам низ светот стекнувајќи се со ОГРОМНО искуство а притоа стекнувајќи се и со пријатели кој ќе ми значат за цел живот.

Уште еднаш Благодарност до Рекрутинг Тимот на Коузон но посебно “ПОЧИТ”, зашто Козуон е Македонска Компанија која  Вработува и Регрутира кандидати за најголемите Бродски Компании во Светот.

Со почит,
Ненад Наков од Штип