НОВИ СПОРТСКИ СОДРЖИНИ – НОВ КОНЦЕПТ ЗА ЗАБАВА И ДРУЖЕЊЕ

KOUZON CAMPS 2016
ОДИМЕ НА МОРЕ – ОДИМЕ НА КАМП

5

Новата летна „ камперска “ сезона е на повидок . Процесот на аплицирање ( т.е запишување ) за учество во некоја од смените во кампот започна многу успешно и интересот кај децата и родителите е навистина голем.
Покрај индивидуалните пријавувања , не радува фактот што се повеќе имаме групни пријавувања на деца од школите ширум Македонија.
Коузон Камп програмата за предстојнава сезона ќе биде збогатена со нови содржини кои покрај спортскиот карактер имаат за цел да го развиваат и натпреварувачкиот и авантуристичкиот дух кај децата.
Овој нов КОНЦЕПТ е уникатен и искрено очекуваме децата да уживаат во новите содржини .
Фотографиите кои следат се само дел до новиот спортски комплекс во нашиот камп во Грција,
За оние кои не биле досега во Кампот потсетуваме : Кампот располага со повеќе од 30 спортски содржини при што покрај основните спортови нудиме можност за содржини кои ги нема во Македонија.

За сите дополнителни прашања што Вие би ги имале Ве молиме да ни испратите е-маил на [email protected]
Со почит ,

Коузон Кампс Тим