НОВА СЕЗОНА НА ТРЕНИНГ АКАДЕМИИТЕ

Со почетокот на Есента , почнуваат и нашите активности поврзани со Тренинг Акедемиите во Македонија .

Коузон како организарот  и пред се домаќин , од 23-27 Септември ќе ја органзира R.O.T.C – Академијата за обука на асистенти келнери за Royal Caribbean Cruises Line .

Кандидати  од сите Балкански држави во текот на овие 5 дена , преку  предавањата на искусниот Ресторан Менаџер , Г-дин Каталин Бута , ќе се стекнат со знаења и компетенции потребни за успешен старт на нивната кариера на некој од бродовите на Royal Caribbean Cruises Line .

Како и сите предходни Акедемии , и оваа ќе биде голем бенефит за учесниците но и за нас како домаќини , бидеќи преку организирањето на истата , и ние ( тимот на Коузон ) се докажуваме како вредни и многу професионални организатори.
Избраните Ass. Waiter-и се кандидати кои веќе поминале интервју со менаџерите на компанијата , добиле работана позиција и се на листа за заминување на брод во наредниов период .

Што е потребно да се учествува на една ваква Акедемија ?
Едноставно , треба да се аплицира во Коузон , да имате работно искуство од работа во Ресторан , да зборувате Англсики и уште еден Европски јазик ( п.р Италијански , Германски , Француски или Шпански , бидеќи ова е услов за да бидете селектирани ) да поминете интервју со менаџерите за вработување од компанијата и ……. ќе бидете поканети да ја посетите и завршите оваа тренинг Академија во Скопје .
Коузон подготвува интервју за Royal Caribbean & Celebrity Cruises , кон крајот на Октомври .

Сите позиции се достапни , повелете аплицирајте
Во месец Октомври . ќе ја органзираме Академијата за работни позиции во Бар ( Beverage Operation Training Center – Macedonia )