Повик за ново летно спортско-едукативно дружење покрај Егејскиот брег
Поттикнати од минатогодишното камперско искусто, децата ни се обратија со молба:
„ Поканете ги сите деца од Македонија , заедно да се дружиме и радуваме и ова лето.“
Самата иницијатива и пред се нивната искрена желба не мотивира да покренеме масовна кампања за промоција на Коузон Камп програмата .
Во изминатите години , Коузон успеа да ја создаде најдобрата летна „шема“ за деца од 7-17 години . Учеството во кампот остави многу , многу позитивни спомени кај нашите учесници а стекнатите пријателства стануваат трајни .
За оние кои не се информирани што е Коузон камп – еве неколку факти :
- Кампот не е место за класичен летен одмор.Дневната програма создава многу обврски за учесниците кои се поврзани со спортско – едукативни и забавни активности.
- Коузон – Скоурас е убедливо најдобриот и најголем детски камп во Европа кој располага со услови за изведување на 30 различни спортски активности , со преубава песочна плажа и со најдоброто камперско сместување во бунгалови.
- Кампот е место за осамостојување , за самоспознавање , за дружење со деца од различни држави и националности.
- Во нашиот камп грижата за децата е поставена на максимално ниво и на секои 10 деца имаме Тим лидер кој е 24/7 со нив.
Нема поголемо задоволство од веселите детски насмевки кои во континуитет се присутни за време на престојот во кампот.
Прекрасната природа, чистиот воздух, морската вода и организираните активности ги мотивираат децата да излезат од секојдневието и да ги покажат своите „ скриени “ амбиции и желби.
Многу од нив за прв пат во животот ќе запеат јавно , ќе заиграат , ќе глумат пред публика, ќе го победат стравот од контакт со други деца ……. ќе отворат нови хоризонти и погледи .
Коузон на сите сегашни и идни „КАМПЕРИ“ безрезервно им ветува НЕЗАБОРАВНО ЛЕТО.
На родителите можеме само да им гарантираме дека ќе бидеме нивна достојна замена за време на престојот на нивните деца во кампот .
За сите информации Ве молиме контактирајте не на [email protected]
www.kouzon.com.mk
Comments are closed.