ПИСМО ДО КОУЗОН КАМП ОД ГРУПА ДЕЦА ОД ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
ОДИМЕ НА КАМП – ОДИМЕ НА МОРЕ СО КОУЗОН
( интегрален текст испратен од наши кампери )
Здраво, ова е групно напишано од страна на ученици од 9то одделение од основното улилиште “Гоце Делчев”-Центар. Минатата година беше првата година што сме го посетиле кампот преку Коузон.
Колку време и да пројде тие мемории кај нас не се забораваат. Како што би се кажало на англиски: The tan lines will fade but the memories will last forever.
Секако кампот има ред и правила ама лидерите кои ни беа на нас од Коузон го направиа нашиот престој многу забавнен. Секое утро не будеа на различен начин зашто секако се знаеше дека сите ние цврсто спиеме.
На крајот од денот кога беше се комплетно темно (се, освен секако нашата соба) нашиот тим лидер ( Саше ) ќе не прибираше да си легнуваме.
Со нас беше и еден од познатите скопски јутјибери Андреј прави влогови.
Сите ние се вклопивме заедно и за краток период станавме едно големо семејство со деца од секоја генерација. Кампот секогаш успеваше да не забавува со активностите планирани за денот, многуте журки (секоја си имаше своја тема), спортските натпревари и забавните игри и уште што се не. За нашата група најзабавниот дел од денот беше пред да спиеме.
Прво надвор седевме, пуштавме музика и со тоа го реметевме мирот. Потоа тим лидерот ќе не собереше сите во соба и ние ќе се смеевме се додека не заспиеме.
Можаме да кажаме дека од толку многу деца присутни во кампот нашата група се издвојуваше.*бевме најдобри и највесели
Сметаме дека секое дете треба да има вакво искуство кое ќе биде исполнето со мемории кои ќе ги памети засекогаш.
Се гледаме и оваа година !
ПОЗДРАВ ДО КОУЗОН КАМП И НАШИТЕ ТИМ ЛИДЕРИ
Comments are closed.