КОУЗОН КАМПС 2017
Почитувани Родители ,
ЗАШТО ДЕЦАТА ГИ САКААТ ЛЕТНИТЕ КАМПОВИ ?
Кои се бенефитите од престојот во камп за децата?
Врз основа на нашето долгогодишно работно искутво во организацијата на летни детски кампови Ви представуваме листата со најважните причини зашто да го пратите Вашето дете во камп ова лето.
- ДЕЦАТА – го поминуваат денот со физички активности.
Искуството покажува дека дома најголем дел од денот, децата го поминуваат седејќи, пред комјутер додека во камповите тие имаат одлична можност за движење,трчање, пливање, пешачење , играње ….. Кампот значи акција! - ДЕЦАТА стекнуваат поголема самодоверба-
Камповите им помагаат на децата да бидат посамоуверени преку отстранување на социјалните, образовни и спортски бариери. Во кампот сите се рамноправни , сите се активни целодневно и кампот е вистинска авантура за нив.
Кампот им дава на децата желба за поголема социјализација и самодоверба - ДЕЦАТА стануваат похрабри.
Кампот е одлично место да пробаат нови ( па дури и малку адреналински) работи. Кампот помага да се победат стравовите.Ве уверуваме дека ова е пракса во нашиот камп - ДЕЦАТА имаат време поминато без електронски уреди
Кога децата го поминуваат времето без мобилни телефони, телевизија и интернет повторно ги откриваат своите креативни потенцијали и се вклучуваат во светот околу нив.
Кампот е вистинска ЕКОЛОШКА СРЕДИНА ! - ДЕЦАТА развиваат нови вештини.
Камповите обезбедуваат потребна опрема и инструктори за децата ги развијат своите спортски, уметнички и авантуристички вештини. Големиот избор на различни активности им овозможува на децата да откријат нови нешта кои сакаат да ги прават.
Во кампот ги откриваат и развиваат своите – детски способности. - ДЕЦАТА стануваат независни.
Кампот е совршено место за децата да почнат да носат свои сопствени одлуки без влијание на родителите или наставниците. Кампот им помага децата да станат одговорни за се она што е со нив и околу нив . - ДЕЦАТА имаат слободно време за игра во природа .
Ослободени од секојдневната рутина дома, камповите им нудат на децата време за слободна игра без следење на некаков распоред. Кампот е место каде децата се релаксираат и смеат цел ден. Во кампот играме! - ДЕЦАТА учат нови социјални вештини.
Доаѓањето во камп значи приклучување кон заедница во која сите се согласни да соработуват и да се почитуваат меѓусебно. Живеењето заедно значи делење на одговорности, решавање недоразбирања и секојдневна комунукација со другите. Кампот гради тимски дух. - ДЕЦАТА се поврзуваат со природата.
Активностите на отворено ја збогатуваат перцепцијата на децата за светот околу нив и позитивно влијаат врз нивниот развој. Симплифицираниот начин на живот во природа им дава нови вредности кои сите тие максимално ги сакаат и во нив уживаат.
Дали има подобар начин на живот од живот во природа ….. чист воздух, здрава храна весела атмосфера - ДЕЦАТА стекнуваат нови пријателства.
Кампот е место каде децата се запознаваат со други деца. Ослободени од притисоците од училиштето, кампот ги охрабрува децата да се релаксираат и да создадат нови пријателства. Кампот реално создава другари за цел живот.
Comments are closed.