MACEDONIAN FIRE WATCHERS TEAM – PROJECT CANADA
Скопје , 30 Март 2018
По повеќедневни подготовки поврзани со обуки, аплицирање за Канадски и Американски визи нашата група на млади “пожарникари“ замина на пат кон Лос Ангелес.
Како што веќе споменавме , оваа група е дел од многукратните проектни активности кои Коузон ги организира во соработка со партнери од странство а се поврзани со учество во реконструкција на патнички бродови за крстарење.
Во основа овие проекти се познати како DRY DOCK’s .
Нашите работни тимови се одговрни за безбедноста на бродот и одговараат за противпожарната заштита до деловите на бродот каде што се изведува реконструкцијата.
Групата за Канада , ќе престојува и работи на еден од бродовите на NORWEGIAN CRUISE LINE ( NCL SUN ) кој ќе биде лоциран во пристаништето во Ванкувер.
Следат неколку фотографии од денешното испраќање на нашите морнари на пат кон Америка и Канада .
Comments are closed.