МАКЕДОНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ – СЕГАШНИ И ИДНИ – FIRE WATCHERS 

ЕДНОДНЕВНА ОБУКА СО ИЗБРАНИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ЗА DRY DOCK ПРОЕКТИТЕ ШТО СЛЕДАТ

Во организација на Коузон и FIRE AID – UK , денес се одржува еднодневна обука за ново пријавените „ ПОЖАРНИКАРИ “ – кои искажаа желба да бидат дел од работните проекти за реновирање на CRUSIES бродови ширум светот.

Оваа работна активност – во суштина представува работно ангажирање од 9 до максимум 45 работни денови , каде нашите FIRE WATCHERS – се грижат за противпожарната безбедност на бродот што се реновира .

Покрај оваа обука , ќе следи и дополнителна обука за веќе искусните пожарникари кои ќе се спремаат да извршуваат активности во т.н CONFINED SPACES

Сезоната на работни активности за нашите FIRE WATCHERS започнува во месец Септември со три работни активности и тоа:

1. ГРУПА од 65 патуваат за Ванкувер – Канада
2. ГРУПА од 12 патуваат за Сингапур
3. Група од неколку Fire Watchers – патува за Ѓенова – Италија
По овие први dry docks ќе следуваат уште многу , многу нови работни проекти .

Еве неколку фотографии од денешниот настан .