ЛЕТУВАЊЕ ИСПОЛНЕТО СО МНОГУ СПОРТСКИ И ЗАБАВНИ АКТИВНОСТИ

ОРГАНИЗИРАНО ДРУЖЕЊЕ ЗА ДЕЦА ОД 7-17 ГОДИНИ

„Коузон“ и оваа година го организира – наj популарниот летен одмор за децата од Македонија. Иако во основа 8 дневниот престој во кампот во Грција претставува форма на заслужен одмор, престојот во детскиот камп не е класичен одмор.
Причината за ова е концептот на активности кој е креиран како целодневна програма исполнета со спортско-едукативни и забавни содржини.
Присуството во кампот го развива тимскиот дух – децата се сместени во групи од по 10 деца во бунгалови од тврда градба. Сите активности од утро до вечер ги изведуваат како група.

Во кампот – посебно внимание посветуваме на социјализацијата со останатите деца од нашите групи и децата од другите држави. Голема привилегија е тоа што во нашиот камп во топ сезоната престојуваат 2.500 деца во една смена. Искуството како за децата така и за нас е незаменливо!
Културната програма застапена е секоја вечер со различни музички и забавни содржини. Од непроценливо богатство за децата е можноста да присуствуваат на овие забавни вечери и да учествуваат во истите со свој настап.
Во кампот престојуваат деца од 18 држави. Официјален јазик за комуникација е Англискиот јазик
Кампот , посебно влијае врз осамостојувањето на децата бидеќи тие сами (под супервизија на нашите тим лидери) ги извршуваат сите „домашни’’ задачи околу сместувањето, хранењето, хигиената и сл.

Во овој текст неможеме да ја пренесеме атмосферата што владее во кампот но во текст можеме да Ви ја презентираме нивната изјава ( која всушност стана и наше мото )
– „ одиме на камп , одиме на море “ со Коузон во „ Скоурас „ во Грција.
[email protected] 078 45 44 26 078 45 44 18 http://goo.gl/05MdO7www.kouzon.com.mk