SUMMER 2018 – Learn languages with a smile!
Навистина сметаме дека нема подобра локација за изучување на современ англиски јазик од единствениот и без временски Лондон. Освен тоа што ќе имате шанса да го усовршите вашиот англиски јазик посетувајќи часови од професори со англиски мајчин јазик ќе имате и време да се дружите со луѓе од цел свет и тоа не било каде, туку во една од најстарите метрополи во Европа.
Лондон е огромен град со мулти – културно население од околу 7,5 милиони, главен град на Велика Британија, како и седиште на кралската фамилија и воедно центар на политичкиот, бизнис и финансискиот живот во Европа. Со самото тоа, како и со многубројните атракции и богатата историја, привлекува милиони посетители секоја година.
Лондон изобилува со историски и културни атракции кои ќе имате можност да ги погледнете за време на вашиот 2 неделен престој, нуди одличен и надалеку познат ноќен живот за секаков тип на туристи, а воедно може да се пофали и со најнови модни трендови. Едноставно, совршено место да го запознаете англискиот јазик на автентичен начин!
Општи информации за курсот:
• Стандарден англиски курс– 20 лекции неделно, 45
минути секој
• Интернационални часови
• Максимум 10 студенти во група
• Утрински часови (09:30 am – 12:30 pm)
• Возрасна група 14-18 години
• Програма со организирани активности: секое попладне и вечер спортски и социјални активности – 4 попладневни културни активности за 6400ден.
• Сместување: Интернат или пак во локално семејство – Полн пансион (вклучени појадок, ручек, вечера)
Цена на пакетот за две недели со сместување во интернат – 66 300 ден.*
Цена на пакетот за две недели со сместување во фамилија – 59 300 ден.*
*Напомена: Цената може да претрпи промени во висина од 10% заради флуктуација на светската берза за која ќе бидете предвремено известени.
*Можност за плаќање на три рати со кредитна картичка
Во цената е вклучено:
• Тест за проверка на почеток на курсот
• Курс по англиски за две недели (20 училишни часови неделно/4 часа дневно)
• Материјали за учење
• Сместување во интернат или пак во локално семејство–
Двокреветни или четири креветни соби
• Појадок, ручек и вечера
• Активности
• Компјутер, интернет, чаршави, крпи
• *Депозит од 40€ се остава како гаранција во случај на направена штета (истиот се рефундира на крај од престојот)
• Трансфери од/до аеродром
• Надзор од возрасно лице лидер на мајчин јазик (24/7)
Во цената не е вклучено:
• Авио билет
• Здравствено осигурување
• Дополнителни лични трошоци
ПОНУДАТА е за јазичен курс во Лондон за групно слушање на програмата во траење од 2 недели со почетен датум 30јуни 2018та и краен датум 15 јули 2018та
Напомена: во програмата можно е да настанат и мали промени од страна на компанијата организатор за кои ќе бидете предвремено известени.
За повеќе информации ве молиме обратете се на:
[email protected]
+389 (2) 323 88 01; 078 45 44 13
Бул. Климент Охридски 58, 1000 Скопје
Comments are closed.