КОИ СЕ БЕНЕФИТИТЕ ОД ПРЕСТОЈОТ ВО КАМП ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА?

НАЈЗАБАВНИОТ ЛЕТЕН РАСПУСТ ЗАПОЧНУВА СО КОУЗОН КАМП.

Пријавете ги Вашите деца уште денес и овозможете им да поминат незаборавни
моменти во нашиот летен камп на море , во чиста животна средина и со многу
организирани содржини.

ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ЕДЕН СПОРТСКО-ЕДУКАТИВЕН КАМП?

1.      Децата го поминуваат денот физички активни. Бидејќи најголем дел од
денот,  децата го поминуваат седејќи, пред комјутер, камповите обезбедуваат
одлична можност за движење. Трчање, пливање, пешачење и качување. Кампот
значи акција!
2.      Добиваат поголема самодоверба- Камповите им помагаат на децата да
бидат самоуверени преку отстранување на социјалните, образовни и спортски
бариери што го обликува нивниот секојдневен живот на училиште. Животот во
кампот е вистинска авантура за младите луѓе. Кампот ги учи децата дека
можат.
3.       Стануваат похрабри. Кампот е одлично место да пробаат нови ( па
дури и малку страшни) работи. Кампот помага да се победат стравовите.
4.      Време поминато без технологија. Кога децата го поминуваат времето
без мобилни телефони, телевизија и  интернет повторно ги откриваат своите
креативни потенцијали и се вклучуваат во светот околу нив. Кампот е
вистински!
5.      Развиваат нови вештини. Камповите обезбедуваат потребна опрема и
инструктори за децата ги развијат своите спортски, уметнички и
авантуристички вештини. Големиот избор на различни активности им овозможува
на децата да откријат нови нешта кои сакаат да ги прават. Камповите ги
откриваат и развиваат детските способности.
6.      Стануваат независни. Кампот е совршено место за децата да почнат да
носат свои сопствени одлуки без влијание на родителите или наставниците.
Кампот им помага децата да станат одговорни.
7.      Слободно време за игра-Ослободени од секојдневната рутина дома,
камповите им нудат на децата време за слободна игра без следење на некаков
распоред. Кампот е место каде децата се релаксираат и смеат цел ден. Во
кампот играме!
8.      Учење нови социјални вештини. Доаѓањето во камп значи приклучување
кон заедница во која сите се согласни да соработуват и да се почитуваат
меѓусебно. Живеењето заедно значи делење на одговорности, решавање
недоразбирања и секојдневна комунукација со другите. Кампот гради тимски
дух.
9.      Поврзување со природата.  Активностите на отворено ја збогатуваат
перцепцијата на децата за светот околу нив и позитивно влијаат врз нивниот
развој. Кампот ги носи децата надвор.
10.     Нови пријателства. Кампот е место каде децата се запознаваат со
други деца. Ослободени од притисоците од училиштето, кампот ги охрабрува
децата да се релаксираат и да создадат нови пријателства. Кампот создава
другари за цел живот.

ОДИМЕ НА МОРЕ – ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП 2018  [email protected]