СКИ ОДМОР ВО ИТАЛИЈАНСКИТЕ АЛПИ СО АВИОН ДИРЕКТЕН ЧАРТЕР ЛЕТ ОД СОФИЈА
СМЕСТУВАЊЕ ВО ВАЛ ДИ СОЛЕ
25.01 – 01.02.2014
Val di Sole е опкружена со најпознатите групи на планински вериги од целиот регион, односно со Брента – Доломитите, Масивот Адамело – Пресанела и групата Ортлер Цеведале. Оваа скијачка област е една од најкомплексните во западен Трентино со нејзините туристички центри Folgarida – Marilleva, Pejo и Passo Tonale. Со други зборови е вистински рај за страсните скијачи и snow – borderi. Двата скијачки резорти Folgarida и Marilleva им пружаат на туристите тотална релаксација и забава на снегот, Скијачките резорти располагаат со 26 брзи, модерни ски лифтови и 32 патеки во должина од 62км. На овие популарни скијачки центри ви е овозможено и ноќно скијање.
АГЕНДА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 Ден ( Сабота ) Средба на аеродромот Софија. Директен чартер лет до Верона. Трансфер до Фолгарида/ Марилева – Ва Ди Соле. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
2 Ден ( Недела ) Појадок. Слободно време / ски / сноуборд. Вечера. Ноќевање.
3 Ден ( Понеделник )Појадок. Слободно време / ски / сноуборд. Вечера. Ноќевање.
4 Ден ( Вторник ) Појадок. Слободно време / ски / сноуборд. Вечера. Ноќевање.
5 Ден (Среда ) Појадок. Слободно време / ски / сноуборд. Вечера. Ноќевање.
6 Ден (Четврток ) Појадок. Слободно време / ски / сноуборд. Вечера. Ноќевање.
7 Ден ( Петок ) Појадок. Слободно време / ски / сноуборд. Вечера. Ноќевање.
8 Ден ( Сабота ) Појадок. Трансфер до аеродромот. Лет до Софија.
хотели |
возрасен во двокреветна соба |
трет возрасен |
еднокреветна соба |
дете 0-7 год. |
дете од 7-14 год. |
Hotel Residence Artuik 3* |
607 евра |
582 евра |
691 eвра |
379 евра |
485 евра |
Hotel Gran Batia 3* |
627 евра |
599 евра |
711 евра |
379 евра |
494 евра |
Hotel Luna Wellness 4* |
709 eвра |
673 евра |
835 евра |
379 евра |
530 евра |
Цената вклучува:
- Авионски билет за директен чартер лет Софија – Верона – Софија (со превоз на ски опрема)
- трансфер аеродром – хотел – аеродром
- 7 ноќевања со појадок и вечера во избраниот хотел
- Специјално здравствено осигурување со покритие за скијачи
Цената не вклучува:
- Аеродромски такси – 86 евра по лице
- 6 дневен ски билет за ски зона Кампиљо/ Доломити Ди Брента / се купува по желба / по специјална цена
ЦЕНИ СКИ БИЛЕТ:
ВОЗРАСЕН |
МЛАДИ РОДЕНИ ПОСЛЕ 30.11.1997 |
ДЕЦА РОДЕНИ ПОСЛЕ 30.11.2006 |
ПЕНЗИОНЕРИ РОДЕНИ ПРЕД 30.11.1948 |
189 eвра |
132 евра |
95 евра |
170 евра |
* дете до 8 год , придружено од двајца возрасни кои купиле 6 дневен ски билет не плаќа за ски билет.
* Дозволен багаж: 20 кг, ски обувки, штеки и пар скии.
Опис на хотелите по програмата:
Hotel Luna Wellness 4* (www.hotelluna.it) : луксузен хотел, сместен во Фолгарида, само на 200м од ски лифтот. Хотелот е познат во регионот по својот прекрасен СПА центар. Ги нуди сите погодности за прекрасен одмор.
Hotel Gran Batia 3* (www.granbaita.it) : прекрасен хотел, сместен во центарот на одмаралиштето Фолгарида, во непосредна близина на ски лифтот. Хотелот нуди: сауна, фитнес сала, бар и ресторан.
Hotel Residence Artuik 3* (www.alberghimarilleva.it/en/services-residence-artuik) : добар 3 ѕвезден хотел во Марилева со одлична позиција – само на 80м од ски лифтот. Хотелот им нуди на своите гости базен, бар и ресторан. Прекрасен за одличен одмор.
Опис на ски зоната:
СКИ ЗОНА КАМПИЉО / ДОЛОМИТИ ДИ БРЕНТА е современа ски зона со добра инфраструктура, нуди прекрасни временски услови. Вкупната должина на патеките е над 150 км, сите опремени со топови за вештачки снег. Ги поврзува зоните Фолгарида – Марилева, Мадона Ди Кампиљо и Пинцоло.
Корисна информација за скијачите: 150 км писти, 3 сноупаркови, 62 лифтови, денивелвација 850 – 2500м