РАБОТЕН ПРЕСТОЈ ВО ГЕРМАНИЈА – ЛЕТО 2017
Моето искуство со Work and Travel програмата го сметам за едно од најдобрите искуства што може еден студент, во својот период на студирање, да го проживее. Ми овозможи да поминам дел од моето лето во Германија. Како студент на Филолошкиот факултет, на катедрата на германски јазик и книжевност, тоа мене ми е од голема корист во однос на подобрување на јазикот. Работев како келнерка во традиционален баварски ресторан. Ја имав шансата да соработувам со многу фин персонал, кој ме пречека со отворени раце, во многу пријатна работна атмосфера. Work and Travel програмата ми помогна при првите чекори во допир со тој свет.
[email protected] – за повеќе информации за оваа програма на Коузон Студентски сервис Македонија
Comments are closed.