KOUZON WORK AND TRAVEL AMERICA 2015
Здраво СТУДЕНТИ,
Јас сум Фатон Калиси од Скопје. Оваа година аплицирав преку Коузон за Work & Travel програмата во лето 2015. Живеев во Montauk, New York. Како место за живеење Montauk е најубавото место според мене. Јас таму уживав и го користев секој слободен момент на километарските плажи со бел песок. Montauk се наоѓа на само неколку часови од New York, каде што шетав откако завршив со работа.
Работев во Montauk Yacht Club, ексклузивен резорт со 5* на позиција room service. Од работодавецот сум многу задоволен, а исто така и до заработката. Заштедив доволно пари за да вратам дома, но и потрошив на шопинг и патување. Имавме бесплатен транспорт до работа секој ден, што многу ни заштеди пари и ни ја олесни работата.
Местото каде што работев топло им го препорачувам на сите студенти кои планираат да аплицираат за следната сезона. Тоа е локација каде што ќе можат да запознаат многу Американци и нивната култура. Montauk изобилува со ресторани, клубови и барови каде што може да се проба локалната храна и да се искуси од прва рака социјалниот живот во Америка.
Им препорачувам на сите студенти кои сакаат да аплицираат за лето 2016, да отидат во Коузон и да одберат некои од нивните понуди. Сигурен сум дека ќе го направат правиот избор!
Comments are closed.