06.Март (Четврток) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Заминување за Загреб во 19:00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори.
07.Март (Петок) ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Сместување во хотел. Окулу пладне, панорамски разглед на градот: Музејот Мимара, Музејот на уметноста, Хрватско народно казалиште… во Горен град: Капитол, Катедралата, Градец, Камените порти плоштадот и црквара Св. Марко, Парламентот, Банските двори, кулата Лотршчак и жичницата “Успињача” до центарот на градот: улицата Илица, цветниот плоштад, црквата Свето Преображение, Плоштадот на Бан Јелачиќ… Попладне препорачуваме посета на прекрасниот загребски парк Максимир. Ноќевање.
08.Март (Сабота) ЗАГРЕБ – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, или целодневен факултативен излет до познатиот национален парк Плитвички езера, заштитен од UNESCO. Разглед на еден од најубавите природни
паркови на Балканот, во кој шеесетина каскадни езера формирале несекојдневна природна реткост. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
09.Март (Недела) ЗАГРЕБ – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување за Македонија. Патот води преку Србија, со попатна посета на Белград и можност за прошетка низ центарот на градот. Во попладневните часови, патувањето продолжува кон Скопје. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Цена на аранжманот:
119€ (7.380,00 MKD)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ***, на база 2 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Загреб
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативна посета на Плитвичките езера (превоз, локален водич и влезница) (40 €)
- Влезници за музеите и кулурно – историските споменици
- Патничко осигурување 120 мкд
НАПОМЕНИ:
- Цената е дадена по лице, за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Коузон Травел
Comments are closed.