Виена – 8ми Март

Viena_1

06.03.2014 Македонија – Виена

Состанок со групата од Струмица во 12.30, попатно земање на патниците од Радовиш, Штип и Велес. Тргнување од Скопје во Скопје 15.30 часот и поаѓање за Виена. Ноќно патување преку Србија и

Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

07.03.2014 Виена

Пристигнување во Виена околу 10:00ч. панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел после 14 часот. Слободно попладне за одмор. Во 18 часот факултативна посета на Дунавската Кула*, која е изградена во 1964 година и висока е 252 метри и од неа се има поглед на цела Виена. Потоа, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки низ центарот.

Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

08.03.2014 Виена

Појадок. По појадокот се упатуваме кон центарот на Виена. Факултативна посета на дворецot – Белведере*. Во 13 часот тргнување од центар кон еден од најголемите трговски центри во Европа – Сити суд http://www.scs.at , каде ќе имате можност за четиричасовен шопинг и слободно време за ручек или кафе. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Факултативна посета на традиционален австриски ресторан – Грицлинг. Ноќевање.

09.03.2014 Виена

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон центар. Трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“* (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. После посетата на палата се гледа дворот на палатата и летната резиденција. Потоа, заминување на нова факултатива* во траење од четири саати, со која посетуваат манастирот Хајлигенкројц, црквата Мајерлинг (местото каде се самоубил австрискиот престолонаследник Рудолф) со спомен собата на Рудолф и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Враќање кон центарот на Виена. Поаѓање кон Скопје во 17.30 часот со попатни паузи за одмор и царински формалности.

10.10.2013 Македонија

Пристигнување во Македонија во предпладневните часови.

Цена на аранжманот:

120€ (7.450,00 MKD)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезница, водич и превоз за дворецот Шенбрун – 20€ (задолжително пријавување до 01.03.2014 и минимум пријавени патници за реализација: 25)
  • Влезница, водич и превоз за дворецот Белведере – 20€ (задолжително пријавување до 01.03.2014 и минимум пријавени патници за реализација: 25)
  • Факултативна посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг – 25€ (задолжително пријавување до 01.10.2013 и минимум пријавени патници за реализација: 30)
  • Дунавска Кула – 7€ (задолжително пријавување до 01.03.2014 и минимум пријавени патници за реализација: 30)
  • Хајлгинкројц, Мајерлинг и Баден– 15€ (задолжително пријавување до 01.03.2014 и минимум пријавени патници за реализација: 30)
  • Патничко осигурување – 5€
  • И се што не е наведено во програмата

НАПОМЕНИ:

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници