07.03.2014 – Петок
Враќање во хотел. Ноќевање.
08.03.2014 – Сабота
Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посетна на магичните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано со водич Ке присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, при што постoи можност да купите прекрасни рачно изработени стаклени производи, традиционална венецијанска чипка и да ги видите малите рибарски куќи во прекрасни пастелни бои. Враќање во Венеција. Слободно време за индивидуални прошетки – да пловите со гондола, да ги разбудите вашите гастрономски сетила и да ја вкусите венецијанската
кујна. Враќање во хотел и ноќевање
09.03.2014 – Недела
Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Верона – градот на љубовни емоции, на Шекспировата трагедија “Ромео и Јулија“. Верона е место каде и денес се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Овој прекрасен аристократски град може да се пофали со многубројни бисери на средновековната архитектура кои се магнет за илјадници туристи – плоштадите Ербе и Бра, гробот на Јулија како и нејзината куќа со можност да се качите на балконот кој сведочи за нивната љубов. Ке се види и симболот на градот – арената. Враќање во хотел.
Ноќевање.
10.03.2014 – Понеделник
Појадок. Одјавување од хотел. Трансфер до градот Тревизо и слободно време за 3-часовна прошетка: малиот град обвиткан во средовековни тврдини и порти, тесни калдрмени улички, куќи со црвени аркади и две реки кои го “прегрнуваат“, но и ренесансен плоштад, прастари водени мелници со единствена улога на декор. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:30 ч. cлетување во
17:15 ч.
Цена по лице:
249€ за уплата до 20.02.2014
269€ после 20.02.2014
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Директен лет на релација Скопје – Тревизо – Скопје со АК WIZZ AIR
- Рачен багаж (1 торба со димензии 42х32х25см)
- Трансфери аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел ELITE 4* Местре на база 3 ноќевања со појадокhttp://www.elitehotel.it/• Професионален туристички водич за време на целата екскурзија
- Лицензиран туристички придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромска такса (се плаќа во агенција) 1.190 мкд
- Доплата за багаж (по желба на патникот): 1куфер со максимум 32 kg 2500 денари или пак голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 1.250 денари
- Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на лице место)
- Карти за локален превоз (автобус и брод, околу 20 еур. (се однесува на попладневната прошетка на Венеција)
- Посета на островите Мурано и Бурано 38 еур (вклучен превоз + локален туристички водич)
- Посета на Верона 40 еур (вклучен автобуски превоз + локален туристички водич)
- Влезници во локалитетите
- Патничко осигурување 200 мкд по лице
НАПОМЕНИ:
Агенцијата го задржува правото да направи промена на поединечни содржини во програмата во случај на непредвидени опасности.
Comments are closed.