Венеција, Верона и Фиренца – 8ми Март

Venice_3

05.Март (Среда) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 14:30 часот. Поаѓање за Венеција во 15:00 ч. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

06.Март (Четврток) ВЕНЕЦИЈА (Околина)

Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање со бродот до Пунта Сабиони и трансфер до Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.

07.Март (Петок) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки или факултативна целодневна посета на Фиренца – еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот: палатата и мостот Векио, крстилницата Сан Ѓовани, плоштадот Сињори… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

08.Март (Сабота) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок.Заминување од хотелот. Посета на Верона – градот на Ромео и Јулија. Разглед на градот: плоштадите Ербе, Данте и Бра, Арената, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден околу пладне.

Цена на аранжманот:

129€ (8.000,00 MKD)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација.
  • Сместување во хотел *** во околина на Венеција, на база 2 ноќевања со појадок – Панорамски разглед на Венеција и Верона.
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • (*) Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабионе – Венеција (8 €).
  • Туристичка такса од нокевање, се плаќа во хотелите во Италија.
  • Факултативна посета на Фиренца (45 €) со локален водич.
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици.
  • Патничко осигурување 160 мкд и други неспоменати посети и услуги

НАПОМЕНИ:

  • Цената е дадена по лице, за пакет аранжман во двокреветна соба
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и Коузон Травел