Букурешт – 8ми Март

Buchurest_1

06.Март (Четврток) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ

Состанок на групата во Скопје, на паркингот спроти хотел ”Holiday Inn” во 18.30 часот. Поаѓање за Романија во 19.00 часот.Се патувапреку граничниот премин Деве Баир и Бугарија.Ноќно возењесо попатни одмори.

07.Март (Петок) БУКУРЕШТ

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Градот по кој поради своите монументални градби, во минатото бил нарекуван „Мал Париз на Истокот“ плени со своите убавини: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј… Во попладневните часови, сместување во хотел. Вечерта, можност за факултативна фолкорна вечера, во национален ресторан со богата програма. Ноќевање.

08.Март (Сабота) БУКУРЕШТ – БРАН – БРАШОВ

Појадок. Посета на Замокот Бран или познат уште како “Замокот на Дракула”. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIV век, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

09.Март (Недела) БУКУРЕШТ – СИНАЈА – СНАГОВ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Посета на езерото Снагов каде со брод се отпловува до истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Во попладневните часови заминување за Скопје. Патувањето води преку Бугарија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во претпладневните часови.

Цена на аранжманот:

109€ (6.750,00 MKD)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел ***, 2 ноќевања со појадок
– Oрганизирани разгледи според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Вечера во национален ресторан (25 €)
– Влезници за музеите и културно-историските споменици – Патничко осигурување 160 ден.
– Други неспоменати посети и услуги

НАПОМЕНИ:

– Цената е дадена по лице, за пакет аранжман во двокреветна соба
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и Коузон Травел