06.Март (Четврток) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 19:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.
07.Март (Петок) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Пешта – Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци… Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, во Будим – Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативно вечерно крстарење со брод под мостовите на Дунав. Ноќевање.
08.Март (Сабота) БУДИМПЕШТА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, со можни посети на некои од знаменитостите: Тропикариумот, Зоолошката градина или едноставно, време за прошетка до Кралската Палата и влез во Лавиринтот. Вечерта факултативна вечера на чарда, со танци и уметничка програма, како и мени од унгарската кујна. Ноќевање.
09.Март (Недела) БУДИМПЕШТА – СЕНТЕНДРЕ – СКОПЈЕ
Појадок. Посета на Сентендре – живописно градче во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, можност за посета на голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување заМакедонија. Ноќно возење преку Србија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Цена на аранжманот:
99€ (6.120,00 MKD) хотел со 4*
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ****, на база 2 ноќевања со појадок – Организиран разглед на Будимпешта и Сентендре
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативно крстарење по Дунав (15 €)
- Факултативна вечера во Чарда (30 €)
- Влезници за музеите и културно – историските споменици – Патничко осигурување 160 мкд
НАПОМЕНИ:
- Цената е дадена по лице, за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Коузон Травел
Comments are closed.