БАЛКАНСКО ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА НА БРОД – Royal Caribbean Cruises line

url

Со почетокот на месец Мај , Коузон ги интензивира своите активности во целиов регион со цел обезбедување на доволен број на кандидати за предстојното интервју со Royal Caribbean во Скопје.
Интервјуто е закажано за 27, 28 и 29 Мај .
Очекуваме во Скопје да се појават повеке од 200 кандидати кои ќе се „ борат“ да добијат позиции за работа на оваа лидерска Cruises бродска компанија .
Интервјуто во Скопје ќе биде организирано како централно Балканско интервју и очекуваме да учествуваат кандидати од Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина , Хрватска , Словенија и секако од Македонија .

Покрај ова интервју во Скопје , Коузон на 31 Мај , ќе органзира големо интервју за повеќе од 100 кандидати до Чешка и Словачка и тоа во Прага .

Ако ги додадеме и секојдневните активности кои нашата канцеларија ги има со Pullmantur Cruises,( Коузон Тунис ) и вработувања на кандидати до Тунис , можеме да дадеме лична оценка дека овој месец ќе биде навистина успешен .

Активностите на селекција на кандидати продолжуваат и натаму со прифаќање на нови апликанти и апликации за работа на брод